Бројот на издадени одобренија за градење во Македонија во септември 2026 година е намален за 19,4 % во споредба со истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, во извештајниот период се издадени вкупно 253 одобренија, со кои е предвидена изградба на 919 станови. Најголем број одобренија се издадени во Скопскиот Регион – 73, а веднаш зад него е Полошкиот Регион со 67. Најмалку одобренија се регистрирани во Североисточниот Регион, само осум.

Од вкупниот број одобренија, 65,6 % се однесуваат на високоградба, 24,1 % на реконструкција, а 10,3 % на нискоградба. Предвидената вредност на објектите изнесува 4,52 милијарди денари, што претставува пад од 36,4 % на годишно ниво. Од планираните 919 станови, најголем дел, односно 45 % се двособни, а 30 % се трособни.

ИЗДВОЕНИ