Неверојатен инцидент се случил на имотот на НБА-ѕвездата, Леброн Џејмс, во луксузната населба Брентвуд во Лос Анџелес. Маж бил уапсен под сомнение за демнење, откако бил забележан на приватниот имот на славниот кошаркар.

Настанот се случил во петокот вечерта, на 6 ноември, кога полицијата добила пријава за можен упад. Приватното обезбедување на Џејмс го забележало непознатото лице преку безбедносните камери и веднаш ги известило надлежните служби.

Полицијата пристигнала на местото и го привела мажот без инциденти. Според медиумските извештаи, најчудниот дел од случајот следувал за време на интервенцијата, кога осомничениот наводно им кажал на полицајците дека верува оти Леброн Џејмс е негов татко.

Неговиот идентитет и возраста не се објавени, а за ова необично тврдење нема никакви докази. Важно е и тоа што мажот не успеал да влезе во куќата бидејќи обезбедувањето реагирало навреме.

Леброн, во моментот на инцидентот ,не бил во својот дом. Тој се наоѓал во Кливленд, каде што неговиот тим Филаделфија загубил од Кавалирс со 119:95. Џејмс имаше скромен настап со само осум поени.

Веста за апсењето беше потврдена во саботата, но претставникот на кошаркарот одбил да го коментира случајот. Засега нема дополнителни информации за осомничениот или за понатамошниот тек на правната постапка.

ИЗДВОЕНИ