вторник, октомври 6, 2026
Дома СКОПСКА Се санираат улиците „Иван Хаџиниколов” и „Герника”

Се санираат улиците „Иван Хаџиниколов” и „Герника”

1

Во тек се градежните активности за реконструкција на улицата „Иван Хаџиниколов“ со сите краци, како и „Герника“ во населбата Драчево.

Од Општина Кисела Вода информираат дека проектот опфаќа целосна санација и асфалтирање на вкупно 1,9 километри сообраќајна мрежа, со што се решаваат долгогодишните потреби на жителите од овој дел на Општината и се обезбедува побезбеден сообраќај за сите учесници.

Оваа инвестиција се реализира во рамките на проектите од втората фаза од унгарскиот кредит, преку Владата на Република Македонија и договорот склучен со Министерството за транспорт, што претставува значаен чекор во инфраструктурниот развој на општината.

– Овој зафат е најдобар показател за придобивките што ги добиваат граѓаните кога работат институциите во вистинска синергија. Преку заедничка координација и одлична соработка, успеваме да реализираме важни проекти што директно го подобруваат секојдневието на нашите сограѓани – истакна градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска.

 

 

ИЗДВОЕНИ