Општина Карпош продолжува со редовните инспекциски контроли на терен, согласно со утврдениот план за работа на инспекциските служби. Во текот на изминатата недела, контролите се реализирале во попладневните и во вечерните часови, во повеќе групи и на критичните точки на територијата на Општината.
– Покрај изречените опомени на физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно фрлање отпад. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина – соопштија од локалната самоуправа.
Оттаму апелираат до граѓаните совесно и соодветно да го фрлаат отпадот и да придонесат за почиста и поуредна животна средина.












