Џесика Бил навести проблеми во бракот со Џастин Тимберлејк, говорејќи за тоа во новиот документарен филм за популарниот пејач, насловен „Тимберлејк“.
„Мислам дека треба да расчистиме некои работи“, вели 44-годишната актерка во новиот трејлер за документарниот серијал од четири дела.
„Кога го запознав, тој воопшто не беше онаков каков што замислував…“ додаде Бил.
Во документарниот филм, Тимберлејк накратко зборува за својата сопруга, нарекувајќи ја „најдоброто нешто што некогаш ми се случило“.
„Тоа е една работа што ја направив како што треба“, рече пејачот.
Џастин Тимберлејк и Џесика Бил стапија во брак во октомври 2012 година, по повеќедневна прослава во Италија. Тие имаат два сина: Сајлас (11) и Финеас (6).
Низ годините, нивниот брак се соочи со неколку јавни предизвици. Во ноември 2019 година се појавија гласини за неверство, откако беа објавени фотографии на кои се гледа како Тимберлејк се држи за рака со неговата колешка од филмот „Палмер“ (Palmer), Алиша Вејнрајт, во Њу Орлеанс.
Тимберлејк подоцна упати јавно извинување, опишувајќи го своето однесување како „сериозен пропуст во расудувањето“.
„Да бидам јасен – ништо не се случи меѓу мене и мојата колешка. Таа вечер испив премногу и жалам за своето однесување. Требаше да постапам поразумно. Ова не е примерот што сакам да му го дадам на мојот син. Им се извинувам на мојата прекрасна сопруга и на семејството што ги доведов во толку непријатна ситуација; сега сум целосно посветен на тоа да бидам најдобриот сопруг и татко што можам да бидам. Ова не беше тоа“, напиша Тимберлејк во тоа време.
Бил одлучи да остане со својот сопруг, а во јануари 2020 година, парот се појави заедно во Њујорк со нивниот син, Сајлас.
Јавното внимание повторно се насочи кон нив по објавувањето на автобиографијата на Бритни Спирс во 2023 година, во која таа зборуваше за нивната некогашна врска.
Во јуни 2024 година, Тимберлејк беше уапсен во Саг Харбор, Њујорк, поради управување возило под дејство на алкохол или други супстанци. Во септември истата година, тој се изјасни за виновен по помалку сериозно обвинение за управување возило во нарушена психофизичка состојба.
Според извори, Бил му поставила ултиматум на сопругот во врска со неговото однесување.
„Таа прави сè за децата и ѝ е доста од тоа јавно да биде понижувана“, изјави еден извор за „Дејли мејл“ (Daily Mail) во јануари.
Извор близок до парот изјави за „Пејџ сикс“ (Page Six) дека, иако работите во нивниот брак „не се совршени“, тие „работат на тоа“.
Документарниот филм „Тимберлејк“ ќе има премиера на Apple TV на 11 декември.











