Леброн Џејмс ја почнува рекордната 24. сезона во НБА, но новото поглавје во Филаделфија го почнува со здравствен проблем. Според ЕСПН, 41-годишниот кошаркар има хроничен артритис на левото стапало, што му создава дополнителни предизвици по повеќе од две децении во лигата.

Тој веќе воведе посебна утринска рутина со својот тренер, со фокус на истегнувањето и на активирањето на мускулите за подобра стабилизација на зглобовите и на грбот.

И покрај проблемите, нема намера да забави, туку планира да ја приспособи играта и да го распореди товарот со соиграчите. Целта е да остане свеж за најважниот дел од сезоната – плејофот.

Тој треба да дебитира за Филаделфија во претсезоната, против Њујорк никс, а првиот официјален меч е закажан за 20 октомври.

По Кливленд, Мајами и Лејкерс, сега ќе се обиде да стигне со Филаделфија до уште еден шампионски прстен.

ИЗДВОЕНИ