сабота, јули 4, 2026
Дома БАЛКАН Се самоуби мажот кој дивееше низ турскиот град Тарсус и уби шест...

Се самоуби мажот кој дивееше низ турскиот град Тарсус и уби шест луѓе, а рани осум. Бил зависник од дрога и со неколку психијатриски дијагнози

263

Шест луѓе се убиени, а осум ранети во Турција кога вооружен маж отвори оган во близина на јужниот град Мерсин, објавија турските медиуми.

Според наводите, осомничениот Метин О. (37) прво пукал во месарница и ресторан во локалниот град Тарсус, каде што работел пред една година, при што ги убил сопственикот на локалот и еден вработен, а ранил неколкумина гости. Потоа избегал и патем продолжил да убива. Негови жртви се: поранешната сопруга, која ја убил додека одела по улица; возач на камион, кого го застрелал на бензинска пумпа; мотоциклист, кого го турнал во канал додека бегал и овчар во кого пукал. Бегајќи, тој ранил осум луѓе, кои биле пренесени во болница.

Напаѓачот потоа се скрил во куќа во шума, а кога бил лоциран од полицијата и увидел дека ќе биде фатен, се самоубил. Според гувернерот на Мерсин, тој бил зависник од дрога, кој повеќепати бил хоспитализиран со неколку психијатриски дијагнози.

ИЗДВОЕНИ