Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, со фотографии на „Фејсбук“ прикажува како е претворено Скопје во едно големо градилиште.
Наведува дека интензивно се работи кај клучката во Момин Поток, потоа дека се гради новиот мост на реката Серава и се поставува атмосферска канализација и се заштитува гасоводната мрежа на булеварот „Македонија“.
Воедно, додава дека напредува изградбата на мегапаркот во Бутел, но и тоа дека се чисти и речното корито на реката Серава.
– Исто така, се уредува и нов паркинг и се поставуваат заштитни столпчиња на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром – нагласува Ѓорѓиевски.












