четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Организирани повеќе хуманитарни акции наменети за најранливите

Организирани повеќе хуманитарни акции наменети за најранливите

28

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информираше дека локалната самоуправа и оваа година активно ја реализира својата годишна програма за социјална заштита. Притоа, напомена дека биле организирани повеќе хуманитарни акции наменети за најранливите категории.

– Поддршката е насочена кон социјално загрозените семејства, самохраните родители, лицата во социјален ризик, невработените и корисниците на гарантирана минимална помош, со цел да им се олесни секојдневието и да се внесе надеж таму каде што е најпотребно – истакна Стојкоски.

Тој додаде дека Општината ќе продолжи со активностите што, како што нагласи, ги поттикнуваат хуманоста, заедништвото и меѓусебната поддршка.

– Веруваме дека празничната радост треба да биде достапна за сите. Како локална самоуправа, остануваме посветени на градењето општество со еднакви можности, каде што никој не е заборавен. Хуманоста не е избор – таа е наша обврска – заклучи Стојкоски.

ИЗДВОЕНИ