понеделник, август 3, 2026
Дома МАГАЗИН Се препуштија на страста и не се грижат за погледите! Поранешниот премиер...

Се препуштија на страста и не се грижат за погледите! Поранешниот премиер поопуштен од кога било/ФОТО

0

Кети Пери и нејзиниот партнер, поранешниот канадски премиер Џастин Трудо, не кријат колку се вљубени. Папараците ги фотографираа за време на одмор на југот на Франција, каде што разменија нежности и уживаа во опуштен ден на плажа.

Двојката беше видена како се држи за раце, се гушка и се бакнува, не обрнувајќи внимание за бројните погледи.

Фотографиите брзо станаа вирални на социјалните мрежи, а многумина коментираа дека меѓу нив сè уште постои силна хемија, една година откако почнаа да се забавуваат.

Пејачката за пригодата избра елегантен едноделен костим за капење во светла боја, кој го надополни со шапка и плетена наметка, додека Трудо носеше темно сини шорцеви за капење.

Нивниот одмор на Азурниот Брег доаѓа по серијата заеднички јавни настапи, кои покажаа дека нивната врска станува посериозна. Според странските медиуми, тие организирале романтично бегство во Сен Тропе за да ја прослават својата прва годишнина од врската.

Кејти Пери претходно била во долгогодишна врска со актерот Орландо Блум, со кого ја има ќерката Дејзи, додека Џастин Трудо продолжил да се грижи за своите три деца со поранешната сопруга по разводот.

И покрај бројните обврски, се чини дека успеале да најдат време еден за друг и да уживаат во заедничките моменти.

ИЗДВОЕНИ