Од Општина Карпош информираат дека утре, во спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ („Партизан“), на улицата „Љубљанска“ број 4, во 14:00 часот, свечено ќе бидат отворени Младинскиот центар „Карпош“ и Ресурсниот центар „Карпош“.
– Станува збор за нови простори за младите, граѓанските организации, институциите и за локалната заедница, создадени за поврзување, поддршка, соработка и за развој на нови идеи – соопштија од локалната самоуправа.
По повод отворањето на Младинскиот центар „Карпош“, во 18:00 часот, во спортската сала „Партизан“ ќе се одржи голема журка.












