среда, ноември 25, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА СТИГНУВААТ ДОЖД И СНЕГ! Од викендот “грч“ ладно во Македонија

СТИГНУВААТ ДОЖД И СНЕГ! Од викендот “грч“ ладно во Македонија

0

По студеното и ведро утро, денеска Македонија ја очекува промена на временската состојба. Облачноста постепено ќе се зголемува, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјата се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Според метеоролошката прогноза, утринските температури денеска ќе бидат негативни насекаде, па граѓаните ги очекува студен почеток на денот. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

ВНИМАНИЕ: Следува период со пообилни врнежи!

Од крајот на утрешниот ден, па сè до недела, се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. На одредени места врнежите ќе бидат пообилни и може да надминат 30 литри на квадратен метар за 24 часа.

Дополнително заладување се очекува во текот на викендот, кога поради падот на температурите дождот ќе преминува во снег, па во делови од земјата се можни и врнежи од дожд и снег.

Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Граѓаните треба да се подготват за студени утра, облачно време и врнежи кои во наредните денови на места може да бидат и поинтензивни.

ИЗДВОЕНИ