четврток, октомври 1, 2026
Дома СКОПСКА Бесплатна обука по англиски јазик за млади на возраст од 15 до...

Бесплатна обука по англиски јазик за млади на возраст од 15 до 30 години

10

Општина Аеродром им овозможува на младите на возраст од 15 до 30 години бесплатно да ги унапредат своите знаења по англиски јазик, да ги развијат комуникациските вештини и да стекнат сертификат за постигнато ниво Б2 согласно со CEFR.

Обуката ќе ја спроведе Здружението за едукација, превод и сертификација „Јазична академија“ – Скопје, кое ќе реализира интензивен курс за најмногу 50 учесници. Програмата ќе биде организирана во соодветни групи, согласно со почетното ниво на јазично знаење на учесниците.

– Обуката е практично ориентирана, со современи наставни методи и интерактивна настава, со посебен фокус на комуникацијата и практичната употреба на англискиот јазик во секојдневниот, образовниот и професионалниот живот – соопштија од Општина Аеродром.

При селекцијата на учесниците, приоритет ќе имаат лицата од социјално и економски ранливи категории, како и младите, кои поради материјални, социјални или други околности, имаат ограничен пристап до дополнително образование од ваков тип.

Почетокот на програмата е предвиден за 1 ноември 2026 година.

ИЗДВОЕНИ