петок, септември 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кавадарци може да добие младински иновативни хабови

Кавадарци може да добие младински иновативни хабови

20

Во Општина Кавадарци се разговараше за можноста за отворање младински иновативни хабови, чија цел ќе биде поттикнување на претприемачкиот дух, креативноста и иновативноста кај младите генерации.

Иницијативата беше тема на средба со Рита Колумбија, координатор на Канцеларијата на Обединетите нации во Скопје, и членовите на нејзиниот тим, во соработка со Секторот за локален економски развој и Секторот за образование.

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, ја истакна подготвеноста на Општина Кавадарци да даде поддршка на проектот, кој би ги поврзал локалната самоуправа, бизнис-секторот, средношколците и Канцеларијата на ОН.

Идејата е преку младинските иновативни хабови да се создаде простор во кој младите ќе можат да ги развиваат своите идеи, да стекнуваат нови знаења и вештини и да бидат охрабрени да размислуваат претприемачки и иновативно.

Според објавените информации, Кавадарци се издвојува како град со млада популација, што дополнително го прави соодветна средина за започнување ваков проект.

Со поддршката на вакви иницијативи, градоначалникот Митко Јанчев и Општина Кавадарци продолжуваат со заложбите за создавање нови можности за младите и нивно поактивно вклучување во идниот економски и општествен развој на градот.

 

ИЗДВОЕНИ