четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Се огласи Иранската револуционерна гарда: Нападнат е центарот на „Амазон“ во Бахреин

Се огласи Иранската револуционерна гарда: Нападнат е центарот на „Амазон“ во Бахреин

220
Како што пренесува агенцијата „Тасним“, ИРГ во соопштението потсети на своето предупредување дека, ако нападите врз Иран продолжат, цели би биле американските компании за информациски технологии и вештачка интелигенција, кои, како што тврдат, се главните фактори во следењето на целите и насочувањето на нападите на Иран“.

„Но очигледно ушите на нашите заблудени владетели во Белата куќа се тешки и не го чуле ова предупредување. Го одржавме нашето ветување и како одговор на атентатите од вчера, 90. бранови на операцијата „Вистинско ветување“ е уништен центарот за компјтери во „клауд“ на „Амазон“ во Бахреин“, соопшти ИРГ.

 

„Одговорноста за целосното уништување на овие компании во регионот лежи во самиот претедател на САД, се нагласува во соопштението.
Министерството за внатрешни работи на Бахрени соопшти претходно дека тимови на цивилната заштита го гаснат пожарот во објект на една од компаниите по она што властите го опишаа како ирански напад.
Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда соопшти во вторникот дека од 1 април ќе почне да напаѓа американски технолошки компани во регионот, како одмазда за нападните врз Иран.

Меѓу 18-те  американски компании за кои ИРГ наведе дека ќе бидаат нејзини цели се наоѓаат и „Мајкрософт“, „Гугл“, „Епл“, „Интел“, „ИМБ“, „Тесла“, „Боинг“, „Оракл“ и „Мета“.

 

ИЗДВОЕНИ