петок, октомври 23, 2026
Дома СВЕТ Најмалку 16 загинати и 65 повредени во силен земјотрес што го погоди...

Најмалку 16 загинати и 65 повредени во силен земјотрес што го погоди Тибет – се појавија и првите снимки/видео

28

Според извештаите на кинеските медиуми, најмалку 16 лица загинале, а 65 се повредени во земјотрес со јачина од 7,0 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди Тибет, Кина.

Локалните власти соопштија дека се уништени најмалку 339 куќи и 20 објекти за добиток.

Американскиот геолошки институт (USGS) објави дека земјотресот се случил во четвртокот во 22:33 часот по локално време, со епицентар лоциран на 191 километар источно-североисточно од Нагчу.

Кинеската државна телевизија CCTV објави дека ова е најсилниот земјотрес што го погодил регионот во последните пет години.

ИЗДВОЕНИ