Еден од тројцата преживеани членови на бендот ДНК, по два месеци лекување, откако беше повредени во пожарот во Кочани, музичарот Горан Тонев, по два месеци од трагедијата во Кочани, се огласи на социјалните мрежи. Тој на „Фејсбук“ објави фотографија од болницата и персоналот во солунската болница „Папаниколау“, со благодарност затоа што сега живее втор живот.
Гитаристот Тонев, заедно со Панчо и придружната вокалистка Ана Костадиновска, се единствените преживеани членови на групата „ДНК“ од таа кобна вечер. Објавата побуди емоции кај бројни следбеници кои му испратија пораки со поддршка и желби за побрзо закрепнување.
„Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ,,Папаниколау”-Солун за неизмерната грижа и нега која ми ја пружија. Исто така сакам да се заблагодарам и на персоналот во Кочани и Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели коишто се молеа за мене. Моите чувства се измешани, колкушто сум среќен, толку сум и тажен за загубата на сите деца, а посебно за моите драги колеги и другари. Сочувство за сите фамилии“, напиша Тонев.