четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН Се менува индустријата за забава во Холандија: Амстердам воведува месечна претплата за...

Се менува индустријата за забава во Холандија: Амстердам воведува месечна претплата за ноќните клубови

51

Ноќните клубови во Амстердам воведоа месечна претплата од 24,5 евра, што овозможува неограничен влез, како одговор на намалувањето на посетеноста и помалата потрошувачка од страна на младите луѓе поради зголемените трошоци за живот.

Иницијативата, наречена „Ноќна пропусница“, беше покрената во соработка со четири клуба – Гараж Норд, Нахбар, Скејткафе и Радио Радио – и првите 150 претплати беа распродадени речиси веднаш, додека отворени се и листи на чекање.

Во заедничка изјава, организаторите истакнуваат дека нивните клубови се независни културни простори кои работат под зголемен финансиски притисок во скап град и дека ги здружиле силите за да ја збогатат ноќната програма по повод 750-годишнината од Амстердам.

Тие ги повикуваат институциите посериозно да ја сфатат културата на ноќниот живот и нејзиното значење за холандската престолнина, објавува NL Times.

Сопствениците на клубовите велат дека новата пропусница е практичен одговор на сè поскапиот живот, но и начин да се доближи ноќниот живот до младите луѓе, кои сè повеќе го намалуваат излегувањето.

„Гледаме дека сè станува поскапо и дека луѓето излегуваат помалку поради тоа“, рече еден од иницијаторите на иницијативата, Моктар Набил.

Според анализата на Рабобанк, во случај на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, цената на горивото во Холандија би можела да се зголеми на околу три евра за литар, додека месечните сметки за енергија за нови договори би можеле да надминат 400 евра, во зависност од нарушувањата на глобалниот пазар.

Холандските млади се особено ранливи на финансиски притисоци, а истражувањата покажуваат дека граѓаните под 23 години кои имаат долгови имаат до 13 пати поголема веројатност да се вклучат во криминал поврзан со дрога отколку нивните финансиски стабилни врсници, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ