Eрл Спенсер, братот на покојната принцеза Дијана, изнесе низа контроверзни тврдења за кралот Чарлс во своите мемоари „Лебедова песна: Дијана, мојата сестра“ (Swan Song: Diana, My Sister), кои ќе бидат објавени следната недела.
Во книгата, Спенсер опишува разговор со тогашниот принц Чарлс по смртта на Дијана во 1997 година и тврди дека неговиот глас звучел „возбудено“, па дури и „како глас на добитник на лотарија“, кога му се јавил по нејзината смрт. Според неговите изјави, разговорот се надоврзал на дискусијата за плановите за погребната поворка и учеството на синовите на Дијана, Вилијам и Хари, кои тогаш имале 15 и 12 години.
Спенсер тврди дека Чарлс бил бесен за време на разговорот, а потоа изговорил зборови што, како што наведува во книгата, длабоко го потресле.
Во претходно објавен извадок од мемоарите, Спенсер тврди дека тогашниот принц му рекол: „Доволно брзо ќе ја заборавиме“.
Братот на принцезата Дијана наведува дека тие зборови ги доживеал како израз на наводниот презир на Чарлс кон неговата поранешна сопруга, како и на неговиот став кон огромното внимание на јавноста што уследило по нејзината смрт.
Дијана и Чарлс се развеле во август 1996 година, една година пред нејзината смрт во сообраќајна несреќа во Париз.
Бакингемската палата ги отфрли наводите.
Бакингемската палата остро реагираше на тврдењата од мемоарите и ги оспори.












