петок, јуни 5, 2026
Дома СКОПСКА Санкционирани 103 непрописно паркирани возила во Центар

Санкционирани 103 непрописно паркирани возила во Центар

148

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во периодот од 23.03.2026 до 30.03.2026 година со користење на специјалните возила „пајак“, санкционирало 103 нерегулирано паркирани возила кои биле оставени на места наменети за лица со попреченост, резидентни паркиралишта и други резервирани зони, со што се нарушувал редот и функционирањето на паркирањето во општината.

ЈП ПОЦ и Општина Центар ќе продолжат континуирано да ја спроведуваат оваа мерка. При тоа, апелираат до возачите да ги почитуваат правилата за паркирање и да ги оставаат своите возила исклучиво на дозволените паркинг-места.

-На тој начин се овозможува уреден паркинг-систем и непречено користење на просторите наменети за оние што навистина им се потребни – велат од ЈП ПОЦ.

 

ИЗДВОЕНИ