четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ САД велат дека комуницираат со Иран, Хамнеи дека не е време за...

САД велат дека комуницираат со Иран, Хамнеи дека не е време за мир

79
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Директниот канал за комуникација помеѓу специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, е повторно активиран во последните денови, дознава „Аксиос“ од американските претставници, додавајќи дека фокусот на разменетите текстуални пораки бил на прекинување на конфликтот.

Американскиот претставник тврди дека Аракчи, всушност, се обидувал да воспостави комуникација, но навел за „Аксиос“ дека САД „не преговараат“ со Иран.

Од друга страна, како што објави „Ројтерс“ повикувајќи се на висок ирански функционер, иранскиот врховен лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, ги одбил предлозите за намалување на тензиите или за прекин на вооружениот конфликт со САД, кои Техеран ги добил преку две посреднички земји.

– Ставот на Хамнеи за одмазда кон САД и кон Израел е многу тврд и сериозен на првиот состанок посветен на надворешната политика – навел неименуваниот функционер, без да прецизира дали присуствувал Хамнеи на состанокот.

Изворот навел дека врховниот лидер изјавил дека „не е време за мир сè додека САД и Израел не клекнат на колена, не го признаат поразот и не платат отштета“.

 

ИЗДВОЕНИ