четврток, јуни 11, 2026
Дома СВЕТ САД сакаат да заработуваат од бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец

САД сакаат да заработуваат од бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец

672
EPA/OLIVIER HOSLET

Американскиот претседател Доналд Трамп ја изнесе идејата САД да заработуваат пари од бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец, наплаќајќи им за да минуваат, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, додавајќи дека тоа е тема што ќе се дискутира во наредните денови.

– Непосреден приоритет на Трамп е да го отвори теснецот без никакви ограничувања. Иран ги увери САД дека Ормускиот теснец е отворен, и покрај медиумските извештаи дека Техеран повторно го затворил водниот пат – изјави Ливит на брифингот за медиумите во Белата куќа.

Таа нагласи дека деблокирањето на Ормускиот теснец и предавањето на збогатениот ураниум на Иран се „на врвот на листата на приоритети за преговарачкиот тим на Трамп“ и дека официјален Техеран посочи дека ќе го предаде својот ураниум.

ИЗДВОЕНИ