четврток, јуни 11, 2026
Дома СВЕТ Израел повторно ги отвора црквите и џамиите во Ерусалим

Израел повторно ги отвора црквите и џамиите во Ерусалим

53

Израелската полиција објави дека од денеска повторно ќе ги отвори светите места во Ерусалим за посетителите и верниците, по привременото прекинување на огнот во конфликтот на Блискиот Исток.

Меѓу местата што ќе бидат повторно отворени се комплексот на џамијата Ал-Акса, Западниот ѕид и Црквата на Светиот Гроб, која се наоѓа во Стариот град на Ерусалим. Ова се некои од најсветите места во исламот, јудаизмот и христијанството.

Поради војната против Иран, која ја започнаа пред шест недели САД и Израел, овие места беа затворени за време на важните верски празници, вклучувајќи го Велигден и дел од еврејскиот празник Пасха. Во тој период, пристапот беше дозволен само на ограничен број верски службеници.

Стариот град, вообичаено преполн со жители, трговци, туристи и верници, беше речиси пуст во последните недели, при што многу дуќанџии и тезгаџии воопшто не ги отворија своите продавници.

Полицијата соопшти дека светите места ќе бидат повторно отворени во четврток наутро, со засилени безбедносни мерки. Стотици дополнителни полицајци ќе бидат распоредени, а граѓаните и посетителите се повикуваат да бидат трпеливи во случај на толпи.

ИЗДВОЕНИ