четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ САД најавија секундарни санкции: По „Епски бес“, „Економски бес“

САД најавија секундарни санкции: По „Епски бес“, „Економски бес“

52
EPA/SHAWN THEW

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, најави воведување секундарни санкции за сите земји чии банки држат пари поврзани со Иран или купуваат иранска нафта, пред разговорите меѓу САД и Иран што треба да се одржат до крајот на оваа недела, во Исламабад.

Во тек е операцијата „Економски бес“, во која САД вршат финансиски притисок врз Иран, чија централна банка веќе предупреди дека извозот и трговијата би можеле целосно да запрат ако продолжи конфликтот, а инфлацијата веќе се искачува кон 180 проценти.

Бесент рече дека земјите од Блискиот Исток биле многу потранспарентни во врска со чувањето ирански средства во своите банки по иранските напади. Затоа ги повика да ги замрзнат средствата на Иранската револуционерна гарда и да не купуваат иранска нафта, бидејќи, во спротивно, САД ќе разгледаат секундарни санкции. Бесент рече дека две кинески банки добиле писмо од американското Министерство за финансии во кое се бара да кажат дали има ирански пари на нивните сметки. Ако има, САД ќе им воведат санкции.

ИЗДВОЕНИ