Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување, транспорт, дистрибуција или гледање слики од сексуална злоупотреба на деца, соопшти американската агенција за царинска и гранична заштита (CBP).
Агенцијата додаде дека луѓето биле вратени во нивните земји, но не прецизираше дали некој од нив бил патници или кои бродови биле под истрага.
Исто така, не беше откриено зошто овие конкретни бродови биле избрани и каде точно биле извршени операциите, објави АП.
„Дизни Круз Лајн“ соопшти дека има „политика на нулта толеранција за ваков вид однесување“ и дека целосно соработувала со властите.
„Повеќето од вклучените не работеа за нашата компанија, а оние што работеа повеќе не се вработени кај нас“, се вели во соопштението на компанијата.
Групите за имигрантски и работнички права предупредија дека не се во можност да добијат детални информации за статусот на работниците и причините за спроведување на овие мерки.
ЦБП потсети дека не мора да се поднесуваат кривични пријави за да се поништи визата, пренесе „Танјуг“.












