четврток, ноември 12, 2026
Дома СВЕТ УКРАИНА ВО МРАК, ДОДЕКА ПРЕГОВОРИТЕ ТАПКААТ ВО МЕСТО: Руските напади оставија милиони...

УКРАИНА ВО МРАК, ДОДЕКА ПРЕГОВОРИТЕ ТАПКААТ ВО МЕСТО: Руските напади оставија милиони без струја

0
EPA/SERGEY DOLZHENKO

Додека дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина сè уште немаат дадено конкретни резултати, борбите на теренот продолжуваат, а руските напади врз енергетската инфраструктура го прават секојдневниот живот сè потежок за милиони луѓе. За многу Украинци, прашањето веќе не е само кога ќе заврши војната, туку како ќе ја преживеат зимата без електрична енергија, греење или вода. Преговорите меѓу Русија и Украина во Абу Даби завршија без некој значаен дипломатски напредок. Иако беше договорена нова размена на затвореници, клучните прашања поврзани со територијата и безбедносните гаранции остануваат нерешени.

Извештај на Би-Би-Си од Киев покажува колку се видливи последиците од војната во секојдневниот живот, при што некои семејства се соочуваат со прекини во снабдувањето со електрична енергија кои траат со часови. Кога ќе снема струја, лифтовите, интернетот и пумпите за вода престануваат да работат, а становите остануваат без греење.

Киев е меѓу градовите што претрпеа најтешки последици, а во последните недели, стотици илјади луѓе ширум Украина останаа без електрична енергија. Руските напади, исто така, сериозно оштетија една од најголемите украински електрани, која сега е целосно надвор од функција по ударите со балистички ракети.

Напорите за поправка во објектот дополнително се отежнати поради речиси постојаните предупредувања за воздушни напади. За време на четиричасовната посета на екипа на Би-Би-Си (BBC), работниците мораа седум пати да ја прекинат работата и да побараат засолниште. Според Максим Тимченко, извршен директор на ДТЕК (DTEK) – најголемата приватна енергетска компанија во Украина – обемот и интензитетот на нападите се двојно зголемени во споредба со претходната година, додека системите за противвоздушна одбрана се соочуваат со тешкотии во заштитата на целата критична инфраструктура.

Тој предупреди дека обновувањето на тешко оштетената електрана би можело да потрае најмалку до следното лето, бидејќи работниците имаат на располагање само еден до два часа ефективно работно време дневно, поради постојаниот ризик од напади.

ИЗДВОЕНИ