четврток, ноември 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кривични пријави за петмина малолетници кои крвнички тепаа врсник во Влае

Кривични пријави за петмина малолетници кои крвнички тепаа врсник во Влае

0

Полицијата им поднесе кривични пријави на пет деца кои со метален предмет тепаа 13 годишно дете во скопската населба Влае.

По целосно документирање на случајот , ќе се поднесат кривични пријави против пет малолетници од скопје поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“ , информираат за весникот Вечер од МВР.

Тринаесетгодишно дете било физички нападнато од група  од 15 –на малолетници, а според неофицијалните информации, нападот бил толку брутален што детето останало со сериозни повреди, меѓу кои и искршени заби. Нападот се случил на плоштадот „Делфина“ каде за време на викендите во вечерните часови се собираат малолетните што живеаат во Карпош и Ѓорче Петров. Насилството го пријавила мајката на нападнатото дете.

 

ИЗДВОЕНИ