четврток, ноември 12, 2026
Дома СВЕТ Пукање кај Белата куќа, четири лица се ранети/ВИДЕО

Пукање кај Белата куќа, четири лица се ранети/ВИДЕО

1

Четири лица беа ранети во четвртокот наутро во населба во близина на Белата куќа, соопшти полицијата, додавајќи дека интервенирале на повеќе локации.

„Пукањето се случи во Логан Серкл, на околу 1,6 км северно од Белата куќа. Дополнителни детали, вклучително и точната локација на пукањето, засега не се познати“, изјави полицискиот службеник Нејтан Кларк.

Полицијата апелираше до граѓаните да ја избегнуваат областа околу блокот 1500 на 15-тата улица – каде што се наоѓаат фитнес-центарот „ВИДА“ (VIDA), црквата „Свети Лука“ и станбени згради, а локацијата е веднаш до супермаркетот „Хол фудс“ (Whole Foods).

Голем дел од блокот беше ограден од полицијата.

ИЗДВОЕНИ