Најмалку осум луѓе загинаа при уривање на трикатна зграда во населбата Флетбуш во Бруклин, соопшти градоначалникот на Њујорк, Зохран Мехмеди. Тој рече дека има и најмалку 17 повредени, од кои некои се во критична состојба.
Противпожарната служба соопшти дека меѓу повредените има тројца пожарникари.
Зградата паднала врз ископ веднаш до неа, каде што треба да се гради деветкатница. На градилиштетот имало работници, а при уривањето на трикантницата се откорнал и надворешен ѕид од соседната зграда, откривајќи ги становите.
Зградата се срушла во средата во 16 часот по локално време и не се знае колку луѓе имало тогаш во неа и на градилиштето. Спасувањето на луѓето под урнатините почнало веднаш, бидејќи противпожарна екипа случајно се нашла таму во моментот на уривањето.












