Неколку руски воздушни објекти навлегле во полскиот воздушен простор за време на неодамнешните воздушни напади врз Украина, изјави во петокот полскиот министер за одбрана, Владислав Кошњак-Камиш.
Ова доаѓа по извештајот од полското обвинителство дека еден воздушен објект паднал во регионот Лублин, во источна Полска, за време на интензивните руски воздушни напади врз соседна Украина, пренесе агенцијата „Фена“.
Според обвинителството, објектот паднал на поле во близина на село кое се наоѓа на околу 60 километри од полската граница со Украина.
Кон крајот на јули, една ракета навлезе во полскиот воздушен простор и падна во истиот регион, во близина на селото Тарнава Колонија. Никој не беше повреден. Според полската влада, станувало збор за руска крстосувачка ракета од типот „Х-101“ (Kh-101), пренесува агенцијата ДПА.












