петок, ноември 20, 2026
Дома СКОПСКА Целосно реконструирано детското игралиште зад Универзална сала

Целосно реконструирано детското игралиште зад Универзална сала

1

Детското игралиште зад Универзалната сала во Центар е целосно реконструирано. Најмалите центарци добија современо, безбедно и уредено место за игра, рекреација и за дружење.

Од Општина Центар информираат дека се поставени на игралиштето две нови кули, четири тобогани, мост, две коњчиња, абакус-табла и клацкалка. Исто така, поставени се и нова заштитна подлога и ограда, а обновена е и урбаната опрема. Воедно, поправени се двете клупи, поставени се канти за отпадоци, додека двојната лулашка е целосно реновирана.

– Со обновувањето на детските игралишта, вложуваме во посреќно детство и во подобри услови за нашите деца. Продолжуваме со реконструкцијата на игралиштата низ Центар за секое дете да има свое уредено и безбедно катче за игра, а родителите да бидат спокојни – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Тој апелираше до граѓаните совесно да ги користат и да ги чуваат поставените реквизити и урбаната опрема.

ИЗДВОЕНИ