сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ „Роботските такси“ на Маск тргнаа од главниот град на Тексас/ВИДЕО

„Роботските такси“ на Маск тргнаа од главниот град на Тексас/ВИДЕО

593
Фото: X

Американскиот милијардер и сопственик на „Тесла“, Илон Маск, објави дека компанијата лансирала пробна услуга на „роботски такси“ во главниот град на Тексас, Остин, по цена од 4,20 долари.

Маск на платформата X изјави дека компанијата ќе има врвни безбедносни мерки кога станува збор за овој вид такси услуга.

Според него, се планира услугата да биде достапна само во делови од Остин кои се сметаат за најбезбедни и кога временските услови се поволни, а „роботските такси“ нема да можат да превезуваат лица под 18 години.

ИЗДВОЕНИ