Најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите, екипата на Реал Мадрид, може да здивне и покрај тоа што играше со играч помалку повеќе од 80 минути, поради суспензијата на Раул Асенсио. Сепак, ја победи мексиканската Пачука со 3:1 во Шарлот. Завршницата на натпреварот беше обележана со судирот помеѓу Антонио Ридигер, кој се врати на теренот по речиси два месеца отсуство, и Густаво Кабрал.

Натпреварот дури беше прекинат во еден момент, бидејќи судијата Рамон Абати мораше да интервенира за да ги раздели играчите. Но, тензиите продолжија и по последниот свиреж на судијата, а Ридигер и Кабрал повторно влегоа во жесток вербален конфликт.

Сè започна во првото полувреме, кога Кабрал, според Реал Мадрид, го удрил Ридигер со рака. Германскиот дефанзивец не го заборави тоа. Клупските извори велат дека продолжил нивниот вербален судир, при што Ридигер се налутил по расистичките навреди на Кабрал, во кои биле употребени зборовите „црнец“ и „мајмун“.

На пат кон соблекувалната, Кабрал наводно додал: „Ти си го*но…“, на што Ридигер одговорил: „Не би ми го кажал тоа внатре, ајде, ајде да влеземе ако се осмелуваш“. Конфликтот можеше да дополнително да се комплицира доколку играчите и членовите на техничкиот персонал не реагираа и не успеаја да спречат поголем инцидент.

Тренерот на Реал, Чаби Алонсо, коментираше за инцидентот по натпреварот и истакна дека постои можност за расистички навреди.

  • Мислам дека имаше некои муабети за расистички извици. Ние го поддржуваме Тони и ќе видиме што ќе се случи понатаму. Сега, протоколот на ФИФА е активиран и ние го поддржуваме. Такво нешто е неприфатливо и ние му веруваме. Сè се истражува во моментов – порача Алонсо.

 

ИЗДВОЕНИ