По повод Денот на свесноста за аутизмот, скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, заедно со неговата сопруга, донираа реквизити за сензорната соба во градинката ,,8 Март” во Кисела Вода, со цел на децата со аутизам да им се олесни нивната комуникација, концентрација и емоционална регулација, создавајќи средина во која тие ќе се чувствуваат прифатени, смирени и разбрани.
-Преку разновидни сензорни стимули, оваа соба ќе има значајна улога во развојот на нивните когнитивни и социјални вештини, како и во подобрување на нивната самостојност и способност за активно вклучување во општеството – вели Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека заложбата за создавање еднакви услови за сите наши граѓани, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, е од исклучителна важност., бидејжи таа не само што ја намалува стигматизацијата, туку и го гради општеството на разбирање, почит и вистинска инклузија кон кое сите се стремиме.
Тој наведе дека како семејство ќе продолжат да го правате она што со години го знаат – да даваат љубов и грижа, искрена, особено на дечињата, затоа што секое дете заслужува еднаква шанса, поддршка и безусловна љубов.












