Голема градежна офанзива со силна динамика се одвива во населбата Скопје Север, за што како што велат од Општина Бутел се влоќени над 60 милиони денари.
При тоа, завршена е реконструкцијата на вториот крак на улицата „Боро Менков“, во рамките на која се опфатени и тротоарите, како и паралелните паркинзи.
-Ги реконструираме и сите пристапни патеки до зградите. Со оваа реконструкција се опфатени зградите на улиците „Боро Менков“, „Костурска“, „Лазо Москов“ и „Гоце Стојчевски“- соопшти градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
Тој најави и дека наскоро ќе се санира и улицата „Костурска“ заедно со двата големи паркинг простори и пристапни патеки.
-Исто така за прв пат ќе се изгради и тротоар за безбедно и непречено движење.Ова е најголемата градежна офанзива која се одвива во Скопје Север – заклучи Костовски.












