среда, ноември 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Реконструирана спортската сала во гимназијата „Миле Јаневски – Џингар“, ново осветлување за...

Реконструирана спортската сала во гимназијата „Миле Јаневски – Џингар“, ново осветлување за улицата  „28 Август“

90

Општина Македонска Каменица успешно ја заврши целосната реконструкција на спортската сала во гимназијата „Миле Јаневски – Џингар“. Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, и официјално го означи завршувањето на градежните активности.

Со реконструкцијата се создадени подобри услови за одржување на наставата по физичко образование, како и за спортски и рекреативни активности на учениците.

– Секое вложување во образовната и спортската инфраструктура е директна инвестиција во иднината и развојот на младите – истакна Стаменкова.

Паралелно со овој проект, како што најави таа, започна и изградбата на ново јавно осветлување на улицата „28 Август“.

– Градежните активности опфаќаат и комплетно осветлување на паркинг-просторот лоциран помеѓу основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ и паркот на Рудари – објасни Стаменкова.

Според предвидениот план, се очекува градежните работи за новото осветлување да завршат до средината на декември, со што дополнително ќе се зголеми безбедноста и ќе се подобрат комуналните услови за сите жители во овој дел од градот.

ИЗДВОЕНИ