вторник, ноември 10, 2026
Дома СВЕТ Абу Даби: Претставниците на САД, Украина и на Русија во нов обид...

Абу Даби: Претставниците на САД, Украина и на Русија во нов обид за постигнување мир

148
EPA/ALTAF QADRI

Во Абу Даби на иста маса се собраа претставниците на САД, Украина и на Русија, на трилатерални преговори за завршување на војната во Украина.

На почетокот од разговорите, шефот на руската делегација, Владимир Медински, изрази надеж дека таа средба, која се уште е во тек по 40 минутна пауза, ќе овозможи напредок кон мир.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да коментира за деталите од трилатералните преговори и ги повика учесниците да не даваат прогнози додека не завршат. На прашањето дали очекува Москва конкретни договори по првата рунда преговори, тој рече дека не сака да одговара на такви прашања.

Пред да седнат на преговарачка маса, претставниците на САД ја разгледуваа идејата за компромис меѓу Москва и Киев со географски трик – прецртување на границите на украинските региони Донецк и Луганск, така што рускиот претседател, Владимир Путин, може да тврди дека има 100 отсто контрола врз двата региони без вистински победи на фронтот, објави „Економист“, повикувајќи се на американски дипломатски извори. Друга отстапка што се подготвени да му ја понудат САД на Кремљ е враќањето на Русија на европскиот енергетски пазар, спротивно на сегашното законодавство на ЕУ.

 

ИЗДВОЕНИ