Регионална ревија на песни, музика и игри

70

Општина Ѓорче Петров денеска блесна во духот на музиката, играта и културната традиција, како домаќин на 23 Регионална ревија на песни, музика и игри, организирана од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

Регионалната ревија се одржа во Домот на културата кој како што велат од Општината бил преполн со енергија, емоции и аплаузи, а  настапите на пензионерските друштва од повеќе општини биле вистинско сведоштво за неуморниот дух, љубовта кон македонската култура и богатото фолклорно наследство.

-Во секоја песна, во секое оро и секој стих се чувствуваше гордоста што ја носиме како народ. Чест ми е што токму Ѓорче Петров беше местото каде што се славеше животот, заедништвото и традицијата – изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, нагласувајќи дека преку оваа ревија, уште еднаш е потврдено дека културата не познава возраст – таа обединува, мотивира и инспирира.

ИЗДВОЕНИ