понеделник, септември 14, 2026
Дома СКОПСКА Камениот мост со современо осветлување

Камениот мост со современо осветлување

1

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски објави дека започнале активностите за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост – проект со кој, како што вели неговата убавина ќе добие посебно место во ноќната панорама на нашиот град.

-Современото осветлување ќе биде внимателно усогласено со архитектонските карактеристики и историската вредност на мостот, истакнувајќи ги неговите препознатливи сводови и автентичност. Ќе создадеме глетка на која скопјани ќе се гордеат, а посетителите ќе ја понесат како еден од најубавите спомени од Скопје – истакна Ѓорѓиевски.

Овој проект е плод на пријателството и добрата соработка со Општина Есенлер, потврдени преку неодамна потпишаниот Протокол за соработка.

-Нашите симболи ја носат приказната за тоа кои сме. Наша обврска е да ги чуваме, да се грижиме за нив и достоинствено да им ги предадеме на идните генерации – нагласи Ѓорѓиевски, додавајќи дека Камениот мост е сведок на времето, спој на двата брега на Вардар и на многу генерации, мост во кој се препознаваат историјата, идентитетот и гордоста на скопјани.

 

ИЗДВОЕНИ