Од вчеравечер до утринава, беше реализирана четвртата фаза од дезинсекцијата против комарци, од земја, на подрачјето на градот Скопје.
– Ова е важна превентивна мерка за заштита на јавното здравје, спречување на ширењето заразни болести и обезбедување поквалитетна животна средина за граѓаните – истакна скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека активноста се спровела согласно со програмата и законските одредби што произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести, како и од елаборатот доставен од Центарот за јавно здравје.
Од Град Скопје најавија дека во следните денови ќе се реализираат уште две фази од дезинсекцијата, со цел целосна и ефикасна заштита на територијата на градот.












