
Барселона направи огромен чекор кон реализација на најголемиот трансфер кога е во прашање актуелниот летен преоден рок.
Како што ексклузивно објавува, најпознатиот новинар кога се во прашање трансферите, Фабрицио Романо, Барселона и Манчестер Сити најпосле постигнаа договор за трансферот на шпанскиот играч од средниот ред, Родри.
Романо го објави познатото „Here we go“, во кое се вели дека договорот е договорен и дека останува да се завршат последните детали, односно, да се одработи задолжителниот лекарски преглед..
Манчестер Сити даде зелено светло на најновата понуда на Барселона, која според британските медиуми ќе изнесува околу 70 мил. евра.
Ова претставува спектакуларно засилување за каталонскиот клуб, особено имајќи го предвид квалитетот и искуството што го носи шпанскиот интернационалец.
Барселона сакаше да го доведе Родри веќе некое време, а во недела успеа да направи клучен чекор во преговорите со англискиот премиерлигаш.
Родри стана еден од најважните играчи од средниот ред во светот во последните години, а неговото доаѓање е важен сигнал за амбициите на Барселона.
Ќе биде особено интересно да се види како Ханси Флик ќе го вклопи во неговиот систем и каква улога ќе игра во средниот ред.
Трансферот сè уште треба да помине низ последните формалности, но Романо наведува дека е постигнат договор и дека сè е завршено во клучните аспекти.
Родри е на пат да направи големо враќање во шпанскиот фудбал, каде во минатото го носеше дресот на Атлетико (М), а до пред некој ден важеше за голема желба и на Реал (М).
За Манчестер Сити, ова ќе биде удар бидејќи клубот ќе остане без еден од своите најважни играчи, а тоа веќе се виде на натпреварот од англискиот Суперкуп кој заврши со убедлив триумф на Арсенал од 3:0.











