Кошаркарите на Реал Мадрид го победија Анадолу Ефес со 82:71 на натпреварот од 34. коло на Евролигата во Мадрид. „Кралскиот клуб“ славеше релативно рутински против турскиот претставник, пред сè благодарение на одличната втора четвртина (31:12).

Реал сега има скор 22:12, додека Ефес е на дното од табелата со учинок 10:24. Најефикасен играч за Реал беше Лајлс со 14 поени, Хезоња додаде 12, со четири скока, додека Дек го заврши натпреварот со 11 поени и 11 скока.

Резултати: Баерн – Асвел 93:83, Макаби ТА – Дубаи 104:100 (по прод.), Олимпија Милано – Виртус 103:87, Реал Мадрид – Анадолу Ефес 82:71.

ИЗДВОЕНИ