Екипата на Реал Мадрид се пласираше на фајнал-фор турнирот во Евролигата, но овој пат пристигнаа лоши вести од Шпанија. Имено, „кралскиот клуб“ ќе биде на завршницата без еден од најдобрите играчи во својот состав, Еди Таварес, кој има сериозна повреда на коленото. Тој се повреди на почетокот од првиот натпревар од плејоф-серијата против Хапоел Тел Авив, по незгодно „слетување“. Шпанците велат дека, со многу среќа, би можел да се врати во подоцнежната фаза од плејофот во шпанската лига.

Реал нема да може да смета ниту на украинскиот центар Лен, кој има планетарна фасција на левото стапало. Како што пишуваат шпанските медиуми, тој, најверојатно, нема да се врати на теренот оваа сезона.

Така, Усман Гаруба во моментов е единствениот здрав центар во составот на Реал, иако има проблеми со раката. Поради целата ситуација, се очекува младиот Изан Алманса да биде вклучен во тимот за фајнал-фор турнирот, кој е на програмата од 22 до 24 мај годинава.

ИЗДВОЕНИ