понеделник, јуни 29, 2026
Дома СВЕТ Нетанајху тајно ги посетил ОАЕ за време на конфликтот со Иран

Нетанајху тајно ги посетил ОАЕ за време на конфликтот со Иран

55
EPA/WILL OLIVER / POOL

Бенјамин Нетанјаху тајно ги посетил Обединетите Арапски Емирати за време на конфликтот со Иран, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.

Според соопштението, Нетанјаху за време на операцијата „Рика лав“ се сретнал со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед, пренесува Ал Џезира.

„Оваа посета доведе до историски пробив во односите меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати“, се наведува во соопштението.

Посетата се случила во период на зголемени тензии во Персискиот Залив. Според „Волстрит џурнал“, Обединетите Арапски Емирати за време на конфликтот тајно извршиле напад врз Иран како одговор на иранските удари врз емиратски цели.

Во меѓувреме, Кувајт соопшти дека уапсил четворица мажи за кои тврди дека се припадници на Иранската револуционерна гарда, обвинети за обид за инфилтрација на островот Бубијан.

Иран ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека станува збор за припадници на крајбрежната стража кои поради дефект навлегле во кувајтски води.

Според извештаите, меѓу заливските држави постојат поделби околу тоа дали треба воено да се одговори на Иран или да се избегне поширока регионална ескалација.

ИЗДВОЕНИ