среда, јули 22, 2026
Дома КУЛТУРА Расправата на УНЕСКО за статусот на Охрид е префрлена за утре, 23...

Расправата на УНЕСКО за статусот на Охрид е префрлена за утре, 23 јули

9

Расправата за статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион која се одржува во рамките на  48-ма сесија на Комитетот за светско наследство во Пусан, Република Кореја која се одржува од 19-29 јули, 2026 година, е префрлена за утре, 23 јули, покажува најновиот официјален индикативен распоред на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.

Точката за Охридскиот Регион, заведена како 48 COM 7B.62, е ставена во попладневната сесија на Комитетот, која е предвидена од 15 до 18 часот. Тоа одговара на периодот од 8 до 11 часот по средноевропско време.

Од УНЕСКО предупредуваат дека распоредот е индикативен и зависи од траењето на расправите за претходните точки, поради што не може однапред да се утврди прецизниот час кога ќе започне разгледувањето на Охрид.

Комитетот треба да одлучува дали прекуграничниот Охридски Регион, кој го делат Македонија и Албанија, ќе биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Конечна одлука сè уште не е донесена.

ИЗДВОЕНИ