недела, ноември 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90...

Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто

0

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека одѕивот на гласачите до 18:30 часот на изборите за градоначалник во Брвеница е 52,90 отсто односно дека гласаче 8.595 избирачи.

Тоа се 1 023 гласачи повеќе отколку во целиот прв круг, кога на гласање излегле 7 572 избирачи. Излезеноста е повисока за 6,32 процентни поени во споредба со вкупните 46,58 отсто од првиот круг.

Вкупната излезеност од првиот круг беше надмината уште до 17 часот, кога гласале 7 902 избирачи, односно 48,64 отсто. Во следните час и половина гласале уште 693 граѓани, со што одѕивот се зголемил за 4,26 процентни поени.

Во меѓувреме, гласањето заврши така што наскоро се очекува да стане јасно кој е новиот градоначалник на Општина Брвеница – Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, или Аркин Јахији од „Националната алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ.

ИЗДВОЕНИ