недела, ноември 1, 2026
Дома СВЕТ Нападнат катарски танкер за течен гас во Персискиот залив, екипажот е...

Нападнат катарски танкер за течен гас во Персискиот залив, екипажот е неповреден

0

Катарската компанија за транспорт на гас „Накилат“ денеска соопшти дека нејзиниот танкер за течен природен гас (ТПГ), „Ал Маџеда“, бил погоден од непознати предмети во Персискиот Залив.

Во соопштението се наведува дека нападот врз танкерот се случил во петокот вечерта, на 30 октомври.

Според соопштението, никој од членовите на екипажот не е повреден, а инцидентот немал никакви последици по животната средина.

Пловилото е во безбедна состојба и е функционално; моментално се проценуваат последиците од инцидентот.

Од „Накилат“ изјавија дека се во директна координација со бродот, неговиот екипаж и соодветните органи за поморска безбедност во регионот, со цел да се осигура безбедноста на екипажот, додека истовремено внимателно ја следат ситуацијата, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ