Франција регистрираше најмалку 5.700 смртни случаи повеќе од вообичаеното за време на историски жешкиот топлотен бран минатиот месец, соопшти националната здравствена агенција во понеделник.
Во соопштението, ја зголеми својата проценка за бројот на смртни случаи од рекордно високите температури.
Според француската Агенција за јавно здравје, регионите погодени од топлотниот бран од 17 јуни до 2 јули имале 21.674 смртни случаи од сите видови.
Сепак, без топлотниот бран, се проценува дека овие региони би имале многу помалку смртни случаи – 15.910.
Оваа проценка е направена врз основа на статистички модел што се потпира на податоци од претходните години, соопшти агенцијата.
Разликата помеѓу очекуваниот и реалниот број на смртни случаи, вкупно 5.764, затоа се смета за „екстремен“ за време на топлотниот бран, соопшти Јавното здравство на Франција, пренесува „Бета“.












