Париското обвинителство отвори истрага за расистичко вознемирување на гимнастичарката Џена Ларуи (21) откако ја напушти Франција и ѝ се приклучи на алжирската репрезентација. Младата гимнастичарка поднесе жалба до францускиот правосуден систем по серијата расистички пораки што ги имаше добиено.

  • Мојата клиентка беше првенствено вознемирувана поради својата алжирска националност. Упатувам пофалба за париското обвинителство за правилно разбирање на сериозноста на фактите, со препознавање на расистичката природа на сите прекршоци – порача нејзиниот адвокат, Набил Буди.

Националната единица за борба против онлајн омразата (PNLH) на Канцеларијата на јавниот обвинител во Париз ѝ ја довери истрагата на Централната канцеларија за борба против злосторства од омраза (OCLCH).

  • Истрагата е насочена кон десетици различни автори, обвинети за поттикнување масовни пораки од омраза во многу краток временски период, што, според обвинителот, го претставува менталитетот на дигитална толпа – се вели во соопштението.

Ларуи не е првата гимнастичарка што се пресели од Франција во Алжир. Кајлија Немур, која го промени своето спортско државјанство во 2022 година, по конфликтот меѓу нејзиниот клуб и француската федерација, моментално е една од најголемите ѕвезди во уметничката гимнастика. Таа го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз, во 2024 година, на разбој, а една година подоцна стана и светска шампионка.

ИЗДВОЕНИ