сабота, февруари 14, 2026
Дома СКОПСКА Расчистени 45 кубни метри отпад

Расчистени 45 кубни метри отпад

43

Екипите на Јавното претпријатие Комунална Хигиена во текот на вчерашниот ден отстраниле  45 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Центар, Гази Баба и Чаир.

-Интервенирано е на улиците: „ Даме Груев“ и „Васил Ѓоргов“, во општината Центар, каде што се подигнати приближно 15 кубни метри кабаст отпад одложен на јавни и сообраќајни површини. Во општината Гази Баба е отстранета дива депонија лоцирана на улицата „Алија Авдовиќ“ – соопштија од претпријатието.

ЈП Комунална Хигиена повторно реализирало активности и на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица), каде во третата смена биле подигнати 20 кубни метри претежно мешан комунален отпад одложен на јавна површина на аголот со улицата „Максут Садик“, спроти амбасадата на САД.

ИЗДВОЕНИ